четврток, 25 јули 2024

476 возачи казнети за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите 476 возачи, 41 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа 235 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 241 надвор од населено место.

Во Скопје се изречени вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајни знаци и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ