вторник, 22 октомври 2024

47.000 денари за секое домаќинство во Струмица за гасоводен приклучок

Советот на општина Струмица ќе донесе одлука за субвенција на домаќинствата за целосно ослободување за надоместокот за приклучување на гасоводната мрежа во износ од близу 47 илјади денари по домаќинство, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, таквата одлука се должи на мотивирањето на граѓаните да ги затоплуваат своите домови на гас заедно со досегашната мерка за субвенционирање од 10 денари за секој потрошен кубен метар гас.

„Пет милиони денари годишно ќе определуваме како трансфер до Јавното претпријатие Струмица гас, а се што треба да направат граѓаните е да се откажат од затоплувањето со огревно дрво и пелети и да ги заменат со гас. За да добијат субвенција треба да имат платено една фактура и средствата во износ од 47 илјади денари ќе им бидат вратени на нивните сметки и притоа ќе важи принципот прв дојден, прв услужен“, објасни Костадинов.

Директорот на ЈПЕД Струмица гас, Благој Милановиќ истакна дека цената на гасот за затоплување во последните три месеци е непроменета и е стабилизирана. Во моментот еден киловатчас се наплаќа по 5,21 денари, односно со субвенцијата од Општината таа изнесува 4,3 денари.

„Инвестицијата која граѓаните треба да ја напрват за да се префрлат на природен гас ќе им се исплати за неколку години и е поисплатлива од другите енергенси“, рече Милановиќ.

Градоначалникот Костадинов и директорот Милановиќ ги повикаа граѓаните да ја искористат оваа мерка и нивните очекувања се дека до крајот на годината ќе има 20 нови домаќинства што ше се приклучат на гасоводната мрежа, а идната година се очекува стотина домаќинства да се префрлат на затоплување со гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ