сабота, 20 јули 2024

35 годишен скопјанец ќе одговара за разбојништво украл пари и телефон од врабтен на бензинска

На подрачјето на општина Чаир денеска рано наутро полициски службеници го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 3 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

МВР соопшти дека со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот СВР Скопје – ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ