вторник, 22 октомври 2024

267 возачи казнети во Скопје, половината за брзо возење

За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје, полицијата казни 267 возачи, од кои речиси половината за брзо возење.

Објавено на

часот

Сподели

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 267 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 31 меркa за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се вели во соопштението на МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ