недела, 20 октомври 2024

24-годишно момче загина во сообраќајка на патот Прилеп-Ресен, изгорел во автомобилот

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.

Од МВР соопштуваат дека во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило сканиа со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко возило опел корса со битолски регистарски ознаки.

При несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, велат од МВР.

Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење.

                                                                                                                                         Архивска фотографија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ