петок, 25 октомври 2024
Министерот на терен

22 тунели и 52 моста на 23 километри од пругата за Бугарија, работите претставени пред Западен Балкан

Градбата на третата делница од Коридорот 8 се смета за еден од најголемите предизвици во градежниот сектор во државата, но и територијата на Европа каде на вкупна должина од 23,4 километри пруга треба да се изградат 22 тунели со должина од околу 9 километри и 52 моста со должина од околу 5 километри, изјави директорот на МЖ Инфраструктура, Зоран Трифуновски кој заедно со министерот Благој Бочварски и претставници од Западен Балкан беа во посета на градежните работи кај Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, делокругот на проектот вклучува изградба на 2 железнички станици во Крива Паланка и Жидилово, како и вградување на сигнализација и телекомуникации на ниво на ЕТСЅ – ниво 1 на оваа делница, како и електрификација на целокупниот источен дел од железничкиот Коридор 8 од Куманово до ГП Деве Баир, рече директорот и објасни дека временската рамка за изградба на оваа пруга е 5 години.

Изградбата на железничка пруга на источниот дел од Коридор 8 е инвестиција од преку 700 милиони евра и се гради во три фази.

д

Посетата на работите на делницата од пругата е во рамките на посетата на министрите за транспорт од Западен Балкан, како и на директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек.

„Со огромна поддршка од Транспортната Заедница, со соседите Албанија и Бугарија, како и Италија, успеавме овој Коридор 8 да го ставиме на главната мапа на европски коридорди и токму поради тоа огромно е значењето овој европски Коридор да биде доизграден, како на железничката оска, така и на патната мрежа, истакна министерот за транспорт и врски. Важноста е уште поголема од причина што Европската Унија ни дава силна поддршка за изградба на овој Коридор како услов за ефикасно регионално поврзување. Нашата примарна цел е да создадеме модерна железничка мрежа, која ќе овозможи економски раст, брз и ефикасен транспорт на товар и патници и регионален развој“, рече Бочварски.

 

Директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, истакна дека Коридорот 8 не е важен само за Македонија или за Албанија и Бугарија, туку е клучен за цел регион, поврзувајќи ги Црното Море и Медитеранот.

д

„Градежните работи на овој значаен Коридор се одвиваат со добра динамика, со запазување на сите рокови. Би сакал да потенцирам дека освен изградбата на железницата, многу е важно да имаме и реформи во овој ресор, со цел железничкиот транспорт да биде одржлив и во функција за граѓаните“, рече Закоњшек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ