петок, 25 октомври 2024

20-годишен возач удри во малолетничка и тешко ја повреди

Малолетно девојче е тешко повредено во сообраќајка во Тетово откако во неа удрил возач на 20 години. Според МВР, вчера во СВР Тетово било пријавено дека патничко возило голф удрило и тешко повредило малолетничка.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул. 173 во Тетово, патничко возило фолксваген голф со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(20) од с.Новаке, тетовско, удрило во малолетничка од село Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Тетово“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ