четврток, 24 октомври 2024

Хероин, дигитална вага и пари најдени во Чаир

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба, денеска на подрачјето на Чаир извршиле претрес на дом од лице со иницијали И.С. при што пронашле 14 грама хероин, дигитална вага, како и поголем износ на пари.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од МВР, лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапа. Денеска (08.01.2024) полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје.

„По добиена судска наредба од страна на полициските службеници бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Чаир, при што биле пронајдени три пакувања со кафеава прашкаста материја (хероин) во вкупна тежина од околу 14 грама, дигитална вага и поголем износ пари. Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка“, стои во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ