сабота, 23 ноември 2024

13 граѓански организации бараат измени во Законот за урбанистичко планирање

Вчера до пратениците во Собранието О2 иницијатива и 12 други граѓански организации доставија предлог закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, во насока на зголемување на транспарентноста на постапката на донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти со цел зголемено и навремено учество на јавноста, Советот на општината и со тоа намалување на ризиците од корупција.

Објавено на

часот

Сподели

Поддршка за предлог измените даваат следните граѓански организации: Go Green – биди зелен, Борба за Влае, Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Евротинк – Центар за европски стратегии, Институт за човекови права, Институт за демократија Социетас цивилис Скопје, Коалиција сите за правично судење, Македонски центар за меѓународна соработка, Метаморфозис, Транспаренси интернационал Македонија, Центар за граѓански комуникации и Центар за истражување и креирање политики.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ