вторник, 22 октомври 2024

12,2 килограми марихуана заплени српската полиција во возило кое влегло од Македонија

Сепската полиција откриле и заплениле околу 12,2 килограми растителна материја за која постои сомневање дека е марихуана од атар на селото Миратовац на границата со Македонија и го привеле Х. Д. (39) од подрачјето на Прешево, поради постоење сомневање дека како соизвршител сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици“, јави дописникот на МИА од Белград.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, со кој осомничениот и уште едно лице за кое се трага, влегле во Србија од Македонија, во товарниот дел и кабината на возилото пронашле неколку пакувања со околу 12,2 килограми растителна материја за кои постои сомневање дека е марихуана, соопшти МВР на Србија.

Во истрагата се вклучени дежурен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање и полициски службеници.

По наредба на дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ