петок, 25 октомври 2024

100 македонски војници заминаа во хуманитарна мисија во Словенија

Објавено на

часот

Сподели

Согласно одлуката на Владата, во Словенија се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на штетите што ги предизвика невремето. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизамот NATO EADRCC.

Припадниците на Армијата ќе останат во Словенија триесет дена каде ќе се вклучат во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето. 

„Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи“, наведе Владата во соопштението што беше објавено по владината седница.

Во најлошите поплави во историјата на Словенија загинаа шест луѓе, а штетата е проценета на неколку милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската унија ќе ѝ стави на располагање на Словенија најмалку 400 милиони евра по разорните поплави во кои загинаа шест лица и беа погодени десетици илјади домаќинства.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ