Минималните измерени температури изутринава во 8 часот се Крива Паланка 14 степени целзиусови, Берово 15, Скопје-Петровец, Виница и Крушево 17, Тетово и Штип 18, Демир Капија, Претор и Охрид 19, Струмица 21, Битола 22 и Гевгелија 23 степени целзиусови.
Времето во првата половина од ноќта во северните делови од земјава беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.
Денеска се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. UV=6
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 32 степена.