среда, 11 декември 2024

Индонезија и Русија ги започнаа првите заеднички поморски вежби

Индонезија и Русија денеска ги почнаа првите заеднички поморски вежби, во време кога претседателот на оваа земја од Југоисточна Азија сака да ја зајакне улогата на Џакарта на светската сцена.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Петдневните вежби ќе се одржат во две фази во источна Јава, каде Русија треба да испрати три корвети, танкер, воен хеликоптер и реморкер.

Според локалните медиуми во Индонезија, руските бродови биле пречекани со помпа во пристаништето Субраја, во неделата, ден пред почетокот на вежбите.

Џакарта долго време се залагаше за неутрална надворешна политика, одбивајќи да заземе јасна страна во војната меѓу Русија и Украина или да избере помеѓу Кина и САД, две ривалски суперсили.

Новиот претседател на земјата, Прабово Субјанто, повика на поцврсти врски со Москва и покрај притисокот од Западот.

Индонезија има милијарди долари трговски врски со Русија, но нејзиниот увоз на оружје стагнира во последниве години, според Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (Сипри), по западните санкции наметнати кон Русија по нејзината инвазија на Крим во 2014 година и Украина во 2022 година.

Сепак, Прабаво Субјанто го задржа потенцијалниот договор од 1,1 милијарда долари за руски борбени авиони, склучен во 2018 година, и покрај заканата од САД со санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ