четврток, 6 февруари 2025

Зошто имаме чувство дека времето лета додека старееме

Кога бевме деца, годините изгледаа како да се одолговлекуваат, а сега како возрасни, се чини дека сè брза со неверојатна брзина. Но, постои научно објаснување зошто тоа се случува. Според професорот по машинско инженерство Адријан Бејан, начинот на кој го перципираме времето се менува со возраста поради начинот на кој нашиот мозок ги обработува визуелните информации.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Како што старееме, невронската мрежа станува посложена, а електричните сигнали мора да патуваат на подолги растојанија, што го успорува процесот на обработка на дразбите. Токму тоа резултира со чувството дека времето минува побрзо, пренесува ЛАДбајбл.

Детството често се доживува како период на бавно минување на времето бидејќи мозокот тогаш обработува многу нови информации, додека во зрелата возраст, кога ќе наидеме на рутински и познати ситуации, овој ефект исчезнува.

Поради ова, спомените од младоста често изгледаат побогати и потрајни, иако тие не биле нужно подлабоки или позначајни. Истражувањето, како она на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул, дополнително го потврдува овој феномен.

На пример, луѓето во Обединетото Кралство чувствуваат дека Божиќ доаѓа порано секоја година, додека во Ирак истиот впечаток постои со Рамазан. Професорот Бејан сугерира дека би можеле да го забавиме субјективниот тек на времето изложувајќи се на нови искуства и избегнувајќи рутина. Тој препорачува да пробате нови активности, да споделувате интересни приказни и да барате нови идеи.

Психологот Синди Лустиг од Универзитетот во Мичиген, исто така, укажува на важноста да се биде присутен во моментот, бидејќи фокусирањето на сегашноста помага да се спречи времето да изгледа како да минува. Клучот е да се разбие монотонијата и да се откријат нови работи кои мозокот ги доживува како свежи, а со тоа се создава чувство на побавно минување на времето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ