петок, 21 февруари 2025

ЗОО Скопје: Лани кај нас се родија 33, а угинаа 15 животни

Во 2023 година во Зоолошката градина во Скопје родени се 40, а угинаа 10 животни, а во 2024 година се родени 33 животни, а угинати се 15 животни. Вкупниот број на родени животни за последните три години 73, додека пак на угинати е 25. Повеќето од угинатите животни се единки кои биле во длабока старост. Со оваа официјална бројка сакаме да ставиме крај на дезинформациите за угинати над 40 животни кои се пласираат во јавноста, се вели во реакцијата на ЈУ Зоолошка градина Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Зоолошката градина на моментално е дом на 646 животни, од 91 видови, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и имаат грижа и љубов кон сите животни, се вели во соопштението.
„Јавно ги каниме советниците од Советот на Град Скопје, сите медиуми, институции, здруженија и други групи директно или индиректно засегнати и заинтересирани за работењето на нашата установа, организирано и со најава да ја посетат Зоолошка градина Скопје и сами да се уверат во начинот на грижата за животните и нивната
благосостојба и да се уверат во отчетноста на нашата установа преку евиденцијата и документацијата која ја водиме и поседуваме“, соопшти ЈУ Зоолошка градина Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ