четврток, 20 март 2025

Кривична пријава за вработен во финансии во Струга, изработувал лажни решенија за приватизација

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М. (60) од Струга поради постоење сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Објавено на

часот

Сподели

Тој, во својство на советник и овластен потписник на акти, вработен во Министерство за финансии, Управа за имотно-правни работи, искористувајќи постоечки уписни броеви од други баратели за приватизација на земјиште, свесно изработувал лажни исправи и решенија за приватизација на земјиште на други лица. Со лажно изготвените решенија за приватизација на земјиште, пријавениот ја избегнувал законската процедура и не ги испраќал до Државното правобранителство, чекал 15 дена и по истекот на рокот од донесување на решенијата, истиот самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга. Со ваквите дејства, пријавениот на повеќе лица им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ