„Потсетуваме дека со последните измени на Кривичниот законик, нападите и попречувањата на работата на новинарите ќе се третираат како напад врз службено лице и соодветно ќе се санкционираат. Секој обид за заплашување, попречување или цензура на медиумските работници е неприфатлив и бара итна реакција од надлежните институции. Темата за проблемите на пациентите на дијализа и нивниот пристап до здравствени услуги е од големо значење за граѓаните на земјава и бара целосна транспарентност од институциите. Наместо да се спречува медиумското известување, здравствените власти треба да обезбедат отвореност и одговорност пред јавноста, особено кога станува збор за прашања што директно го засегаат животот и здравјето на луѓето“, велат од ЗНМ.
Оттаму ги повикуваат надлежните институции да ја истражат оваа ситуација и да преземат соодветни мерки за заштита на новинарите при извршување на нивните професионални задачи. Истовремено, апелираат до сите јавни функционери и вработени во институциите да ги почитуваат демократските принципи и да соработуваат со медиумите во интерес на вистината и транспарентноста.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократското општество, а секој обид за нејзино ограничување е закана за правото на граѓаните да бидат информирани“, велат од ЗНМ.