понеделник, 10 февруари 2025

Њујорк тајмс: Маск ја презема контролата над платежните системи на Америка, тоа е преседан

Американскиот новоформиран оддел за владина ефикасност (ДОГЕ), кој го предводи мултимилијардерот Илон Маск, советник и соработник на претседателот Доналд Трамп, добил пристап до чувствителни податоци на министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, пишува Асошиејтед прес. Според извори на таа новинска агенција, ДОГЕ сега има пристап до системите за плаќање на корисниците на социјалното осигурување и Медикер, што отвора бројни прашања за безбедноста и законитоста на таквиот потег.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ДОГЕ, кој е формиран со цел намалување на сојузната бирократија и отпуштање на непотребните вработени, сега поседува широка слобода на пристапот до податоците на даночните обврзници. Според извештај на Њујорк тајмс, овој потег му овозможува на тимот на Маск надзор над платежните системи на американската влада, што претставува преседан во историјата на управувањето со федералните финансии.

Сенаторот Рон Вајден, демократ од Орегон, го предупредил министерот за финансии Скот Бесент на потенцијалните опасности, наведувајќи дека „политички мотивирано мешање би можело сериозно да ја загрози економската стабилност на земјата“.

Вајден изразил сомнеж дека службеници поврзани со Маск би можеле да го искористат својот нов пристап за блокирање на исплати на одредени социјални програми.

Вршителот на должноста заменик на министерот за финансии, Дејвид Лебик, поднел оставка по повеќе од 30 години служба, откако Маск и неговиот ДОГЕ побарале пристап до чувствителни информации.

Маск набрзо потоа на социјалните мрежи тврдеше дека државни институции одобрувале исплати дури и на познати измамници и терористички групи, но за тоа не пружи никакви докази.

Со преземањето на министерството за финансии, тимот на Маск ја презема и контролата над безбедносните системи на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Дел од експертите изразуваат загриженост дека неискусни, но политички подобни поединци сега управуваат со критични системи на американската влада, без каков било надзор од Конгресот.

„Впечатокот е дека во тек е непријателско преземање на владините системи од страна на најбогатиот човек во светот, без каква било одговорност или транспарентност“, предупредува Дон Мојнихан, професор по јавни политики на Универзитетот Џорџтаун.

И како што забележува професорот по право Ник Беднат, „многу е малку веројатно дека инженерите на ДОГЕ имаат стручно знаење за разбирање на комплексните правни и административни потреби на овие системи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ