четврток, 7 ноември 2024

ЗНАМ на изборите со кандидати во сите изборни единици и со кандидат за претседател

На претстојните избори политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе излезе со свои кандидатски листи за пратеници во сите шест изборни единици, како и со свој кандидат за претседател на државата, информираа на денешниот брифинг од партијата, каде што беше присутен и претседателот Димитриевски.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на следната недела очекуваат Централен регистар да им го издаде решението, со кое политичкиот субјект формално-правно ќе добие дозвола за вршење на дејност. Првиот конгрес партијата ќе го одржи на крајот на февруари, најдоцна до првата недела од месец март, каде официјално ќе бидат промовирани кандидатските листи за пратеници за шесте изборни единици, како и кандидатот за претседател на државата.

Политичкиот субјект ќе биде позициониран во центарот, вели претседателот Димитриевски, доколку пак, во делот на социјалните политики партијата ќе се движи кон лево, бидејќи како што беше посочено, Македонија е социјална држава, со социјално општество, каде оние кои што имаат повеќе треба да издвојат повеќе, за да може да се избалансира односот во социјалните средини. 

ЗНАМ ќе се профилира како самостоен политички субјект и затоа исклчува соработка со неговата поранешна партија СДСМ, вели Димитриевски.

„Политичките аналитичари кои заземаат една или друга страна тврдат дека ќе бидеме спасители на СДСМ. Но не, ние ќе бидеме спасители на Македонија“, рече  Димитриевски и додаде дека очекува да постигнат сериозен резултат на изборите. 

„Ние ќе бидеме сериозен фактор на македонската политичка сцена и она што е многу поважно е да се постигне консензусот за кој се бориме и дополнително, нема да оставиме простор за луѓе кои активно учествуваат или учествувале во политика, а биле предмет на коруптивни скандали, нема да ги оставиме да бидат во состав на идната власт, во којшто ќе учествуваме ние“, изјави тој.

Во однос на Левица, кажа дека имаат различни ставови. 

„Со Левица сме спротивни политички, многумина не споредуваат, но тие си имаат свој концепт. Нашиот концепт се стратешките определби на Македонија, а тоа се НАТО и Европската Унија и не размислуваме за други алтернативи“, кажа Димитриевски. 

 

 

  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ