Националната полиција на Мадрид во соопштение наведе дека предметите биле изложени во музеј во Киев помеѓу 2009 и 2013 година, од каде што биле прошверцувани во 2016 година.
Сепак, тие не прецизираа за кој музеј станува збор.
Во прашање се 11 парчиња, пред сѐ накит, вклучувајќи ѓердани, нараквици и обетки.
Артефактите датираат од грчко-скитскиот период помеѓу 8 и 4 век п.н.е., соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.
Крадците фалсификувале документи за артефактите за да изгледа дека ѝ припаѓаат на Украинската православна црква, соопшти полицијата.
Тројца шпански државјани и двајца украински државјани се уапсени во рамките на истрагата, која започна во 2021 година, откако едно од парчињата, златен појас со глави на овни, било продадено во Мадрид.