Карактеристичниот и целосно функционален тоалет, наречен Америка, кој бил инсталиран како уметничко дело во куќата во Оксфордшир каде што е роден Черчил, се верува дека е растурен и продаден, беше кажано на кралскиот суд во Оксфорд.
Обвинителот Џулијан Кристофер рече дека упадот траел само пет минути. „Овој случај се однесува на кражба на уметничко дело од палатата Бленхајм во септември 2019 година“, додаде тој, пренесува Би-би-си.
„Тоа беше извонредно уметничко дело, целосно функционална тоалетна школка направена од 18-каратно злато, наречена Америка. Тежеше приближно 98 килограми и беше осигурена на шест милиони долари“, рече Кристофер.
Мајкл Џонс (39) од Оксфорд, во јануари се изјасни за невин за кражба на уметничкото дело за време на упадот во раните утрински часови на 14 септември 2019 година.
Фредерик Саинс (36) и Бора Гучук (41) негираа по едно обвинение за заговор за пренос на имот.
Во судницата е кажано и дека чеканите биле оставени на местото на настанот.
„Уметничкото дело никогаш не беше пронајдено. Веројатно е поделено на помали количини злато“, додаде Кристофер.