вторник, 22 октомври 2024

Жителите на Грнчиште заедно со пожарникарите го бранат селото од пожар

Пожарникарите од Велес, заедно со селаните на Грнчиште, Градско, мештаните, кои се самоорганизираат и со трактори на терен го бранат селото од пожарот.

 

Објавено на

часот

Сподели

Гори сува трева и нискостеблеста вегетација. Пожарникарите од Велес, откако го ставија под контрола пожарот кај село Оризари, веднаш се упатија кон Грнчиште.
Направен е заштитен појас околу селото за да се заштитат куќите и другите објекти.
Другите противпожарни единици во тој дел од државата се ангажирани на други пожари на отворено, а во тој реон најмногу се ангажирани за гаснење на големиот пожар кај село Пепелиште.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ