Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук на Телеграм објави дека во нападот бил уништен важен брод на руската морнарица, десантниот брод Новочеркаск, но не наведе докази за тоа.
„Руската флота станува сè помала и помала! Благодарност до пилотите и сите што учествуваа!“ рече Олешчук.
Русија потврди дека еден од нејзините воени бродови бил оштетен во Црното Море при напад на Украина.
Министерството за одбрана соопшти дека е погоден големиот десантен брод Новочеркаск. Тој наводно бил погоден од украински авион кој носел наведувани проектили.
Се вели дека поморските транспортни операции функционираат нормално, откако областа беше затворена додека се гаснел пожарот.
На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа голема експлозија во пристаништето.
Во нападот загина едно лице, изјави шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, кој беше назначен од Русија. Тој додаде дека се оштетени шест обејкти, а помал број луѓе се префрлени во центри за привремено сместување.
Претходно во вторникот, Сергеј Аксјонов, рускиот гувернер на Крим, само рече дека украинскиот напад резултирал со пожар во пристаништето во градот, кој веднаш бил локализиран.
„Сите релевантни служби за итни случаи се на терен“, објави Аксјонов на Телеграм.
„Жителите на неколку куќи ќе бидат евакуирани“, додаде тој.
Снимки на кои се гледа силна експлозија и пожар над пристаништето се појавија и на Телеграм профилите на неколку руски медиуми.
Во 2014 година Русија го анектираше Крим, кој е меѓународно признат како дел од Украина.
Russian Ministry of Defense: "Tonight, while repelling an attack by the Ukrainian armed forces using aircraft guided missiles at the Feodosia base, the large landing ship Novocherkassk was damaged. During the anti-aircraft battle, air defense systems destroyed two enemy Su-24… pic.twitter.com/JdScfPoNVG
— Victor vicktop55 (@vicktop55) December 26, 2023
Crimea – Ukraine say they have eliminated the Russian ship Novocherkassk. Russia confirms the ship has been "damaged"🇺🇦🇷🇺 pic.twitter.com/ZPlqsWp7pb
— 🇬🇧RonEnglish🇬🇧🏴 (@RonEng1ish) December 26, 2023