недела, 9 март 2025

Жесток руски напад, Зеленски: Русија не размислува за мир, а светот го дозволува тоа (ВИДЕО)

Вчера во руски напад врз украинскиот град Добропиља според локалните власти загинаа најмалку 11 луѓе, меѓу кои и пет деца. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека руските напади врз Украина докажуваат дека Москва не размислува за завршување на војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски го опиша вчерашниот напад на Добропиља како „еден од најбруталните“, истакнувајќи дека тој бил „внимателно планиран да предизвика максимална штета“.

Во своето вечерно обраќање, Зеленски потврди дека меѓу 11-те загинати е и припадник на итната служба.

„Русија со своите злосторства од ден на ден докажува дека во Москва не се променило ништо – тие не размислуваат како да ја завршат војната, туку како да уништат и освојат уште повеќе, додека светот им го дозволува тоа“, рече тој.

Зеленски им се заблагодари на светските лидери и дипломати што ги осудија руските напади и ги „нарекоа работите со нивните вистински имиња“.

„Важно е да продолжиме да ги координираме сите напори со нашите партнери, да обезбедиме ефикасна одбрана и да направиме сѐ што е можно за да го доближиме мирот“, додаде тој.

Локалните власти во Добропиља соопштија дека во вчерашниот напад биле убиени најмалку 11 лица, меѓу кои пет деца.

Добропиља е град во источна Украина, во областа Доњецк, на околу 30 километри од линијата на фронтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ