недела, 20 октомври 2024

Жена од Македонија почина за време на концерт на Калиопи во Белград

На жена од Македонија ѝ се слошило на почетокот од концертот на Калиопи Букле во Белград во салата МТС, но подоцна лекарите, кои се обиделе да извршат реанимација, констатирале дека таа починала. Како што јавуваат белградски медиуми, Калиопи во солзи ја напушти салата.

Објавено на

часот

Сподели

                                                                                                            Фото: Курир.рс

Жената имала 70 години. Одеднаш паднала и загубила свест. Белградски Курир објави дека лекарите се обиделе да сторат се што можат, 30 минути вршеле реанимација, но потоа можеле само да констатираат дека починала. Итната медицинска помош реагирала присебно и овозможила од друг излез салата да ја напуштат ќерката на жената и нејзините пријателки кои сите заедно дошле на концертот.

Курир наведува дека Калиопи е многу потресена и дека со солзи излегла, а концертот е прекинат. Публиката потоа ја напушти салата.

д

                                                                              Фото: ФБ на Калиопи

Дојде и полиција за да го истражи случајот и, според српските медиуми, потоа Калиопи дала изјава во полициска станица.

Организаторите на концертот вечерва информираа дека концертот на Калиопи се одложува, за датумот на новиот концерт јавноста дополнително ќе биде информирана, а билетите, секако ќе важат.

Калиопи е многу почитувана пејачка во Србија, вечерашниот концерт требаше да биде нејзиниот осми концерт во Белград, а втор во големата сала МТС.                                                                                           

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ