Само минатиот месец бројот патници на ародромите во Скопје и Охрид достигна 308.555, што е за 17,9 проценти повеќе од септември 2022 година, се вели во соопштението на АДП.
На двата аеродроми се реализирани 17.683 полетувања и слетувања во периодот јануари-септември, што исто така е зголемување за 19,3 проценти во споредба со првите девет месеци од минатата година.
Само во септември на двата аеродрома имало 2.339 полетувања и слетувања или 16,1 проценти повеќе отколку ланскиот септември.
Компанијата АДП поседува 46 отсто од аеродромите со кои стопанисува турскиот ТАВ што управува и со двата аеродроми во земјава.