вторник, 4 февруари 2025

Земјотресите во Егејското Море не престануваат, 7.000 луѓе го напуштија Санторини

Од 26 јануари, во Егејското Море се регистрирани 754 земјотреси, а интензивната сеизмичка активност продолжува на и околу грчките острови Санторини, Аморгос, Анафи и Иос, јавува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници луѓе бегаат од грчкиот остров Санторини во јужниот дел на Егејското Море, вознемирени од континуираната интензивна сеизмичка активност, јавуваат локалните медиуми.

Додека многу луѓе загрижени поради земјотресите го напуштија островот со траект или авион, оние што останаа се во готовност. Околу седум илјади луѓе го напуштија островот, соопштија властите.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано утринава, а неколку часа подоцна следеше уште еден со јачина од пет степени.

Повеќе од 750 земјотреси го потресоа островот и околните 1.000 квадратни километри во последните десет дена.

Експертите тврдат дека земјотресите не се поврзани со вулканска активност на островот, додавајќи дека потресите на тлото ќе траат најмалку седум дена.

Геолозите сметаат дека со послабите земјотреси се намалува можноста за некој посилен.

„Сценариото на кластер се засилува, што значи дека нема да имаме посилен земјотрес. Тоа значи дека неповолното сценарио полека се придвижува на вториот приоритет во смисла на веројатност“, вели Атанасиос Ганас, директор за истражување на Геодинамичкиот институт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ