петок, 18 октомври 2024

Земјоделците тргнаа со тракторите на Шолц: строги мерки на обезбедување пред местата што ги посетува (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц денес отвори фабрика за возови на Дојче бан (Германската железница) во Котбус, а земјоделците кои протестираат против мерките на неговата влада тргнаа со тракторите кон фабриката. Германските медиуми пренесуваат дека канцеларот бил дочекан со гласните протести на земјоделците во Котбус.

Објавено на

часот

Сподели

Халата на железничката станица била оградени и земјоделците не можеле да влезат со своите трактори. Тагесшпигл наведува дека поради посетата на Шолц во фабриката биле воведени строги мерки на обезбедување.

Велт пишува дека полицијата го спровела конвојот трактори покрај фабриката и дека Шолц разговарал со претседателот на организацијата на земјоделците во Бранденбург, Хенрик Вендорф, на маргините на отворањето на фабриката.

Илјадници демонстранти протестираат низ Германија против намерата на влада да ги укине субвенциите на дизел за земјоделците.

Во Германија во тек е и тридневен штрајк на машиновозачите, кои бараат зголемување на платите и намалување на работното време. Кулминацијата на протестите против владините мерки е закажана за 15 јануари низ Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ