недела, 23 февруари 2025

Земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на лозата и овошките, велат агрометеоролозите

Стабилното време минатата недела со ниски утрински и дневни повисоки температури во границите на просекот ја одржуваат состојбата на мирување кај земјоделските култури, која е неопходна за овој период од годината, велат агрометеоролозите од УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Тие препорачуваат, ако почвените услови дозволуваат земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките, со подготовка на површините во пластеничкото производство и со евентуално со прихранување на есенските посеви.

„Во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски температури и ризик од доцни пролетни мразеви, се препорачува резидбата да се изврши на крајот на февруари и почетокот на март“, нагласуваат агрометеоролозите.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде од -1 до 7 степени.

Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Во среда ќе дува засилен северен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ