Според Симона Цветаноски, член на Извршен одбор на СДСМ, со последната скандалозна одлука на министерот Таравари и ДПМНЕ загрозен е животот на најкритичните пациенти.
„Таравари наредил да не се праќаат пациенти на КАРИЛ (Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување) поради реновирање на болницата. Пациентите на кои им е неопходна интензивна нега и најсовремени апарати, на кои животот им зависи од третманот што можат само на КАРИЛ да го обезбедат се оставени сами и без алтернатива. Оваа скандалозна одлука предизвикува сериозна загриженост, во болниците не постојат одделенија за интензивна нега, ниту доволно ресурси за да се третираат животозагрозувачки пациенти. А нема ниту најава за алтернатива, ниту пак кога ќе се заврши оваа нивна голгота“, истакна Цветановски на прес-конференција.
На овие критики од СДСМ, возвратија од Вреди, обвинувајќи дека под раководство на Венко Филипче, здравството било во колапс.
„СДСМ, која некогаш ветуваше ‘едно општество за сите’, денес е само машина за пропаганда која користи лаги и популизам! Под раководство на Венко Филипче, здравството беше во колапс, оставајќи ги граѓаните во несигурност и болка.
Кога Филипче беше министер, здравството беше во клиничка смрт! Болниците без опрема, клиниките и болниците потопени во долгови, а медицинскиот персонал намален што едвај работеше. Несигурноста и неуспехот беа негова водилка! Филипче и СДСМ беа дел од бројни скандали, почнувајќи од модуларната болница во Тетово, Дурмо Турс, Онкологија и набавката на кинески вакцини.
Тој заедно со ДУИ го оставија здравството потопено во несигурност, користејќи ги здравствените работници како изборни алатки!
Но, со Арбен Таравари на чело, оваа разорна пракса се става крај! Несигурноста исчезнува, а повеќе од 1000 здравствени работници се систематизираат.
Во првата година од министерството на Таравари, Вреди направи извонредни чекори за промена на здравството! По 15 години, позитивната листа на лекови беше ажурирана, помагајќи им на илјадници пациенти! Само оваа година, 300 специјализанти се примени, а 300 други ќе бидат примени следната година!
Ова е вистинска промена што ја донесе Вреди, не СДСМ! Сега, здравството е во сигурни раце!“, порачуваат од Вреди.