петок, 18 октомври 2024

Зеленски за „Планот на победата“: Ова е гаранција дека Кремљ ќе ја изгуби можноста да ја продолжи војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени денеска дека „Планот на победата“ ќе помогне да се отвори патот за втор самит на мирот, кој ќе стави праведен крај на, како што кажа, војната за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Планот на победата е пат за јакнење на Украина. Тоа е потребно не само за да ги заштитиме нашите позиции, туку и за да изградиме мост до одржувањето на вториот самит на мирот, со што ќе се стави праведна точка на оваа војна за Украина”, нагласи  Зеленски за време на говорот во Врховната рада, пренесува Укринформ.

Претседателот нагласи дека Украина е отворена за дипломатија, но за чесна дипломатија, заради што, како што наведе, постои Формулата на мирот.

„Планот на победата е гаранција дека лудаците во Кремљ ќе ја изгубат можноста да ја продолжат војната. Значи, ‘Планот на победата’ е мост кон примена на Формулата на мирот и пат кон чесна дипломатија. Како резултат на тоа, Русија мора засекогаш да ја изгуби контролата над Украина, па дури и желбата за таква контрола. Ова е гаранција за живот за Украина. И во исто време, тоа е гаранција за мир за Европа”, рече Зеленски.

Тој нагласи дека на овој пат Украина мора да биде силна, единствена и свесна – „свесна дека Русија не може да ја пушти Украина, но Русија може и мора да ја изгуби Украина”.

Според неговите зборови, украинските партнери, на кои веќе им е претставен Планот на победата, зазедоа практичен пристап кон тоа, а страните се фокусираа на деталите заради ефективна поддршка. Зеленски најави дека Планот ќе го претстави утре на состанокот на Европскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ