Војната постепено доаѓа „на територијата на Русија, во нејзините културни центри и воени бази и тоа е неизбежен, природен и апсолутно праведен процес“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање на маргините на посетата на Ивано-Франкивск на западот на земјата.
„Украина станува сѐ посилна“, додаде тој.
Русија во неделата наутро објави дека одбила два одделни напади со украински беспилотни летала во текот на ноќта. Целта на едното од нив бил анектираниот полуостров Крим, а другото Москва.
Во руската престолнина, чиј меѓународен аеродром накратко беше затворен, лесно се оштетени две канцелариски кули во главниот деловен кварт на градот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападот на Москва учествувале три беспилотни летала, од кои едното било соборено, а другите две биле „неутрализирани со електронски тип војување“.