Во интервју за американскиот информативен канал Њузмакс, украинскиот лидер рече дека ситуацијата е најтешка на истокот на земјата, особено во Северодоњецк и Лисичанск.
„Ситуацијата на исток е многу тешка. Секој ден губиме од 60 до 100 војници“, рече тој.
Зеленски додаде дека ракетите кои САД ќе ѝ ги испратат на Украина нема да се користат на руска територија.
„Знам дека некои луѓе во САД велат дека можеби ќе ги искористиме за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Не сме заинтересирани за тоа што се случува во Русија. Заинтересирани сме за нашата сопствена територија во Украина“, рече тој.