Во видео-обраќање, Зеленски рече дека на почетокот на следната недела, кога Сирски ќе се врати од линијата на фронтот, ги очекува неговите конкретни предлози за понатамошни промени во војската и планираните дејствија, пишува Украинска Правда.
„Сите украински команданти мора да го познаваат фронтот, да го чувствуваат фронтот, вистинските потреби, тие навистина мора да бидат со војниците, наредниците, да бидат такви какви што мора да бидат за да се постигнат украинските цели“, посочи Зеленски.
Сирски во саботата најави кадровски промени меѓу командантите на бригадите чии постапки, според него, претставуваат закана за животот и здравјето на подредените.