сабота, 19 октомври 2024

Зеленски: Путин се плаши да употреби нуклеарно оружје

„(Рускиот претседател) Владимир Путин се плаши да употреби нуклеарно оружје бидејќи го сака својот живот и контролата над животите на другите“, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател пред неколку дена кажа дека ја менува руската „нуклеарна доктрина“ и дека можеби ќе ги прошири околностите под кои таквото разорно оружје може да се користи.

Зеленски, пак, смета дека не мисли дека Путин би ризикувал со користење нуклеарно оружје.

„Никој всушност не знае што има во главата на Путин. Би можел да употреби нуклеарно оружје во напад на која било земја во кој било момент. Или не.

Не сум сигурен дека ќе употреби. Споделувам со вас што мислам, но јас не сум Путин. Не можам точно да знам. Тој го сака својот живот и својот начин на живот и управувањето со животите на другите“, кажа Зеленски.

Од почетокот на војната, Кремљ повеќе пати предупреди дека е спремен да одговори на одредени ескалации со нуклеарно оружје. Во саботата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му порача на Вашингтон да ја подготви Европа за „самоубиствен потфат“ поради „бесмисленоста и опасноста на самата идеја за борба до победа со нуклеарна сила како Русија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ