недела, 20 октомври 2024

Зеленски: Преживеав 6 атентати, Русите сега планираат нешто полошо“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека украинската разузнавачка служба спречила најмалку пет или шест обиди за негово убиство, што го спореди со ковид пандемијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Како прво, луѓето не знаат што да прават со тоа и изгледа многу застрашувачко. И потоа, тоа се само разузнавачки податоци во кои ви споделуваат детали дека уште една група дошла во Украина да се обиде да го направи истото“, кажа Зеленски.

На првиот ден на руската инвазија, руски специјални сили наводно со падобрани се спуштиле во Киев, а Зеленски тврди дека целта им била да го убијат него. Властите на западните земји тогаш му понудиле на Зеленски да го изнесат од главниот град, што тој наводно го одбил, кажувајќи дека му е потребна муниција, а не превоз.

Зеленски додаде дека Русија има нов план да го симне од власта и дека Москва очекува да биде реализиран до крајот на годината. Украинскиот претседател кажа дека името на новата операција е Мајдан 3, и дека е можно Москва овој пат да не планира атентат, туку потенцијално да користи други методи.

„Не можам со вас да разговарам за специјалните операции на украинската разузнавачка служба или тајните служби или некои специјални сили. Има моменти за кои не зборуваме. Не само во Русија, има нешта за кои не зборуваме а кои се поврзани со нашите привремено окупирани територии“, одговори Зеленски на прашањето како Киев одговорил на обидите за негово убиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ