Тој ова го кажа на заедничка прес конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој денес ненајавено го посети Киев. Кога новинарите го прашаа Зеленски да одговори на коментарот на рускиот претседател Владимир Путин дека почнала долгоочекуваната украинска контраофанзива, украинскиот претседател напомена дека е во секојдневен контакт со командантите за разните насоки на операциите.
„Сите имаат позитивен став. Кажете му го тоа на Путин“, кажа тој.