петок, 21 февруари 2025

Зеленски по средбата со Келог: Подготвени сме за договор со Трамп (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи денеска на социјалните мрежи по средбата со специјалниот претставник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Имав продуктивен состанок со Келог. Добра дискусија, многу важни детали. Благодарен сум на САД за сета помош и поддршка за Украина и украинскиот народ. Важно е за нас – и за целиот слободен свет – да се почувствува американската сила“.

„Разговаравме детално за ситуацијата на фронтот, начинот на враќање на нашите воени заробеници и ефективни безбедносни гаранции. Од првата секунда на оваа војна, Украина бараше мир. Мораме и можеме да обезбедиме мирот да биде цврст и траен, за Русија никогаш да не може да се врати во војна“, напиша Зеленски.

„Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедност со претседателот на САД. Ние го предложивме најбрзиот и најконструктивен начин за постигнување резултати. Нашиот тим е подготвен да работи 24/7. Успехот нѐ обединува сите. Силна Украина и САД имаат корист за целиот свет. Му благодарам на генералот Келог за соработката за постигнување важни резултати“, додаде тој.

Посетата на Келог на Киев се одвива во тежок дипломатски период за Украина, откако американскиот претседател Доналд Трамп стави крај на политичката изолација на рускиот претседател Владимир Путин, започна билатерални преговори со Москва и даде изјави во согласност со ставот на Кремљ за Украина.

Зеленски вчера ги отфрли барањата на САД за 500 милијарди долари за минерали од Украина со цел Вашингтон да продолжи да обезбедува воена помош за Киев, велејќи дека САД досега не доставиле ни приближно до таа сума и не понудиле конкретни безбедносни гаранции во договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ