недела, 2 февруари 2025

Зеленски објави снимка од уништени украински градови (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно побара од Западот дополнителна воена поддршка по неделата во која Русија изврши повеќе од 1.400 воздушни напади на Украина, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Секој ден Русија ја напаѓа Украина со беспилотни летала, проектили и бомби“, истакна Зеленски на социјалната мрежа Икс. Тој објави и снимка на која се гледаат кадри од уништени украински градови.

„Русија во текот на минатата недела ја нападнала Украина со околу 50 проектили, речиси 600 дронови и над 760 лебдечки бомби. Русија нема да сопре самата. Светот мора да ја присили да ја сопре оваа брутална и неиспровоцирана агресија“, оцени Зеленски.

„Јакнење на нашата одбрана е апсолутно нужно. Потребна ни е подобра заштита: системи за противвоздушна одбрана, оружје со долг дострел и притисок со санкции“, додаде Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ