петок, 18 октомври 2024

Зеленски незадоволен од одлуката на НАТО: Ова е апсурдно и без преседан

Објавено на

часот

Сподели

„Незамисливо и апсурдно е да не се постави временска рамка ниту за поканата, ниту за членството на Украина“, напиша тој во остра изјава на Твитер.

„Се чини дека нема подготвеност ниту да се покани Украина во НАТО ниту да стане членка на алијансата“, додаде тој.

 

 

НАТО уште во 2008 година отворено објави дека Украина ќе стане членка. Но, алијансата сè уште не кажа како и кога тоа би можело да се случи.

„Сега, на пат кон Вилнус, добивме сигнали дека се разговара за одреден текст без Украина“, додаде Зеленски. Тој нагласува дека текстот се однесува на „повикот да стане членка на НАТО, а не на членството на Украина“.

„Неодлучноста е слабост. И јас отворено ќе разговарам за тоа на самитот“, вели тој.

Тој вели дека без временска рамка за покана на Украина за членство во НАТО, „се остава простор за дискусија за членството на Украина во НАТО во преговорите со Русија“.

„И за Русија тоа значи мотивација да продолжи со својот терор“, додаде Зеленски. Киев призна дека Украина нема да може да се приклучи на НАТО додека трае војната со Русија – но бара јасна временска рамка за влез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ