вторник, 22 октомври 2024
Средба во Атина

Зеленски на Ковачевски му изрази благодарност за помошта во одбраната и за новиот пакет на помош

Објавено на

часот

Сподели

Владата соопшти дека на средбата, премиерот Ковачевски ја нагласил, како што кажал, континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот.

„Осудувајќи ја бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина, Ковачевски повтори дека Северна Македонија ќе продолжи со недвосмислена и силна поддршка за Украина, во нејзината самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет. Овој пристап, Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина“, издвои Владата од разговорите на Ковачевски со Зеленски и уште се додава дека Ковачевски истакна дека Македонија ќе помага додека тоа е потребно, преку испраќање помош кон Украина, како што тоа го правеше и досега.

д

                                                                                     Фото: Влада на Македонија

Што кажал Зеленски, за тоа во соопштението на Владата само кусо се вели дека тој изразил благодарност за поддршката на Украина од почетокот на воената агресија, која е значајна за украинските сили и која,како што кажал, украинскиот народ високо ја цени. Претседателот Зеленски информирал за најновиот развој на состојбите на теренот, соопшти Владата.

Кабинетот на Зеленски пак, соопшти дека средбата со премиерот Ковачевски е остварена на маргините на Самитот во Атина и дека на неа станало збор за ситуацијата на бојното поле, како и дека била изразена благодарност за непоколебливата и принципиелна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

н

                                                                                                  Фото: Кабинет на Зеленски

„Претседателот обрана посебно вниманието на зголеменото руско производство на ракети кои користат западни компоненти. Зеленски му се заблагодари на Ковачевски за поддршката во одбраната, особено за подготовката на новиот пакет на помош. Разговарано е за развој на натамошната соработка меѓу државите во областа на одбраната.

Лидерите порачаа дека интеграцијата во Европската унија е заедничка цел на двете земји и се согласија да ги координираат напорите на овој пат“, објави кабинетот на Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ