среда, 5 февруари 2025

Зеленски: Ќе седнам на разговори со Путин

Украинскиот лидер изјави дека го смета рускиот претседател за „непријател“ и верува дека чувството е заемно.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Володимир Зеленски е подготвен да седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин, доколку тоа е единствената форма што ќе донесе мир во Украина, му рече украинскиот претседател на британскиот новинар Пирс Морган во извадоци од интервју објавени денеска.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Зеленски и Путин да „склучат договор“ за ставање крај на војната и вети дека ќе посредува за прекин на огнот во првите шест месеци од својот мандат.

Зеленски рече дека Украина е подготвена да ѝ стави крај на „жешката фаза“ на војната и дека нејзината подготвеност воопшто да преговара со Русија претставува компромис.

„Ќе разговараме со Путин… Дури и разговорот со Путин е компромис“, му рече Зеленски на Морган.

На прашањето како би се чувствувал седејќи спроти Путин на средба лице во лице, Зеленски одговори: „Ако тоа е единствената форма во која можеме да им донесеме мир на граѓаните на Украина и да не губиме луѓе, дефинитивно, ќе одиме со таа форма… Што е важно тоа, моите чувства кон него?“, рече Зеленски.

„Нема да бидам љубезен кон него, го сметам за непријател. А да бидам искрен, верувам дека и тој мене ме смета за непријател.“

Зеленски повтори дека преговарачкиот процес треба да ги вклучи Украина, САД, Европската Унија и Русија. Тој, исто така, рече дека Киев не е подготвен да признае ниедна окупирана украинска територија како руска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ