вторник, 22 октомври 2024

Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда за авиони Ф-16

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни“, рече Зеленски во изјавата на својата веб-страница. „Веќе добив уверување за разбирањето на таа бројка од некои наши европски партнери… Се работи за сериозна, силна понуда“.

Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и „заеднички договор со Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски. Сѐ уште не е јасно кој од сојузниците на Киев е подготвен да испрати западни авиони во Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец на лидерите на Г7 им кажа дека Вашингтон ги поддржува заедничките програми за обука на украински пилоти за Ф-16, но советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека сè уште нема конечна одлука за испраќање на авиони од Вашингтон.

Зеленски долго време се залагаше за испраќање Ф-16 во Украина, тврдејќи дека нивното појавување со украински пилоти ќе биде јасен сигнал до светот дека руската инвазија ќе заврши со пораз. Русија вчера предупреди и дека снабдувањето на Киев со тие авиони дополнително ќе го ескалира конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ