сабота, 19 октомври 2024

Зеленски до Русите: Ако продолжите да ги напаѓате нашите пристаништа, може да останете без бродови

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна украински дронови погодија руски танкер за нафта и воен брод. „Тоа е она што сакаме да им го покажеме. Украина дефинитивно ќе одговори на сите напади врз цивилното население и коридорите за жито. Ако Русија продолжи да доминира во Црното Море и да го блокира со истрелување проектили, тогаш Украина ќе го стори истото. Тоа е фер одбрана“, додаде Зеленски, пренесе Си-ен-ен.

Обединетите нации ги осудија неодамнешните руски напади врз украинските магацини за жито. „Одлуката на Москва да се повлече од Црноморскиот договор и нејзините постојани напади врз украинските пристаништа и инфраструктура предизвикуваат огромна штета на земјоделскиот сектор во Украина и може дополнително да го зголемат гладот на најсиромашните луѓе во светот“, рече во саботата Дениз Браун, хуманитарна координаторка на ОН за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ