среда, 5 февруари 2025

Завршен капиталниот ремонт на генератор два во ХЕ „Шпилје“

Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар, еден од најзначајните електроенергетски капацитети, заврши капиталниот ремонт на генератор два.

Објавено на

часот

Сподели

„По двомесечни теренски активности на колегите од службата за електромашинско одржување од Хидроенергетскиот систем (ХЕС) ‘Црн Дрим’, агрегатот повторно е ставен во погон и хидроелектраната е комплетно на располагање на електроенергетскиот систем“, информираа за МИА од ЕСМ.

Додадоа дека зафатот е реализиран во согласност со предвидените планови за тековно и за инвестициско одржување на опремата.

„Капиталниот ремонт е една од позначајните сервисни активности и значи продолжување на работниот век, зголемување на сигурноста и стабилноста на ‘Шпилје’ и на ХЕС ‘Црн Дрим’, што го сочинуваат оваа и ХЕ ‘Глобочица’ “, нагласуваат од ЕСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ