петок, 18 октомври 2024

Започнаа 60. јубилејни Рацинови средби

Објавено на

часот

Сподели

Посетителите најмногу се интересираа за грнчарското колце, за неговата машина за пишување, неговата соба, каде седел, каде пишувал до доцна во ноќта.

Меѓу посетителите најбројни беа учениците. Освен од велешките училишта и од велешко, Спомен-куќата организирано со своите професори во текот на целиот ден  ја посетија  и ученици од приватното училиште „Нова“ од Скопје.

Александра Андреева од општина Велес изјави дека нема подобро место во Велес како неговата родна куќа, каде живеел и творел Рацин и  од неговото родно  огниште да започнат годинашните јубилејни 60-ти  Рацинови средби.

Ангел Коруновски, директор на Народниот музеј, потенцираше дека доаѓањето на гости кај Рацин е идеја која, како што рече, одлично кореспондира со учениците кои вчера беа присутни во неговата Спомен-куќа.

„Рацин е балканска Лорка, икона на градот со која се гордееме“, потенцира Коруновски.

Тој појасни дека освен што можат да ги видат собите на куќата на Солеви, предмети на Рацин и документи, посетителите имаат и можност да слушаат и аудио стихови од Рацин во изведба на актерите Сандра Станчевска и Кире Ацевски.

Во Спомен-куќата на Коста Солев Рацин синоќа премиерно беше прикажан видео материјалот што го изработи Народната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, во кој е прикажаното неговото творештво.

Рациновите средби ќе траат до 15 јуни, кога на свеченото затворање вечерта  ќе бидат врачени Рациновото и Почесното Рациново признание за 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ