„Ги следиме препораките од Светската здравствена организација за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од СЗО за опфат од 75 проценти“, рече Петличковски.
Тој потсети дека се обезбедени 60 илјади дози од четиритипната вакцина.
„Во моментот на северната хемисфера доминира инфлуенца тип А. Очекуваме вакцината да ги покрие циркулирачките варијанти. Засега има добар одзив, веќе над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат“, истакна професорот Петличковски.
Во Скопје граѓаните може да се вакцинираат во поликлиниките „Бит пазар“, „Идадија“ и во „Букурешт“. „Бит пазар“ и„Идадија“ ќе работат во две смени, од 8-19 часот, а во „Букурешт“ вакциналниот пункт ќе работи само втора смена, од 14 до 19 часот.