Навивачката група на Вардар, „Комити“ го презема раководењето на клубот, а нивната прва голема работа која ја прават е акцијата за продажба на сезонски билети за само 1.000 денари.
Сите пари собрани од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за функционирање на Вардар.
Сезонските билети можат да се набават преку продажната мрежа на „МК-тикетс“ и во низа официјални продажни места.