вторник, 22 октомври 2024

Западните земји бараат состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина, Русија одбива

Западните земји бараат состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за Украина на 28 август, изјави првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во светската организација Дмитриј Полјански.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Многумина ги интересираше зошто Советот за безбедност на ОН сè уште не разговарал за Украина во август. Претходно во неговата работа немаше такви паузи на оваа тема. Давајќи си себеси време малку да се опуштат во Швајцарија по повод 75-годишнината од Женевската конвенција, западните членки на Советот за безбедност одлучија во август да го отворат украинското прашање во Советот за безбедност на ОН. Побараа состанок во 15:00 по њујоршко време на 28 август“, напиша Полјански на Телеграм.

Тој напомена дека руската страна „не останала должна“  и дека побарала состанок за испораката на оружје на режимот во Киев на 30 август.

„Во текот на состанокот ќе се зборува и за други аспекти на украинската криза и внатрешните украински проблеми кои се непријатни за Западот“, прецизираше Полјански.

Тој истакна дека на седницата на Советот за безбедност одржана на 8 август кажал дека спонзорите на киевскиот режим всушност ги оправдуваат терористичките акции на украинските сили во Курската област во Русија.

Тој побара од ОН да ја процени улогата на западните разузнавачки служби и на властите во Киев во организирањето и овозможувањето на терористичките напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ