вторник, 22 октомври 2024

Заложничка криза во предградие на Истанбул: напаѓач кој тврди дека дејствува за Газа заробил 7 работници на американска фабрика (ВИДЕО)

Човек кој тврди дека дејствува за Газа држи како заложници неколку вработени во фабрика на американската група Проктер и Гембл во предградие на Истанбул, потврди локалната полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според турските медиуми човекот е вооружен и држи седум работници како заложници.

Тој го правдал своето дејствување кажувајќи дека сака да ги осуди израелските воени операции во Појасот Газа, кажал полициски извор за Франс прес.

„Работниците се евакуирани од фабриката на Проктер и Гембл во Гебзе, седум работници останаа како заложници. Сопственикот е одговорен за нивната безбедност“, порача синдикатот Умут сен во порака преку мрежата Икс.

Фотографија објавена во турските медиуми која Франс прес не можел да ја верификува прикажува човек со лице делумно скриено со палестинска шамија, со експлозив залепен околу телото и мал пиштол во десната рака.

Со црвени букви на ѕидот зад него напишал „За Газа“.

Локалните медиуми јавуваат дека полициски коли го блокираат пристапот до фабриката која произведува средства за домаќинство и хигиена, на источната периферија на Истанбул.

Во Турција има бројни повици на бојкот на американските производи од почетокот на војната во Газа. Неколку ресторани на Мекдоналдс и кафетерии на Старбакс се вандализирани низ земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ